Државен инспектор за животна средина, во текот на вчерашниот ден (29 јули) извршил надзор на запалена депонија во Велес, од која бил загаден и воздухот во градот.
По надзорот, изречена е казна од 3.000 евра во денарска противвредност и издадена е наредба за дневно прекривање со земја и 24-часовен надзор, согласно Законот за управување со отпад.
Државниот инспекторат за животна средина продолжува со надзори на општинските непрописни депонии и тоа во: Пробиштип, Охрид, Струмица, Берово, Ново Село, Русино и секаде кадешто комуналните претпријатија не постапуваат согласно закон.
Воедно, се известуваат сите потенцијални загадувачи дека Инспекторатот повеќе не дава опомени, туку преминува директно на санкции.