„3,7 милиони евра за еколошки проекти, инвестираме во животната средина“, велат од Владата

„3,7 милиони евра за еколошки проекти, инвестираме во животната средина“, велат од Владата

пред 2 недели

„Приоритет број еден на Владата, е здрава и чиста животна средина. За таа цел обезбедени се средства во буџет во вредност од 3,7 милиони евра за еколошки проекти преку Програмата за инвестирање во животната средина за 2025 година на Министерството за животна средина и просторно планирање“, соопшти Владата.

„Предвидени се 100 милиони денари за изградба и техничка документација за канализациони системи и системи за пречистување на отпадни води, 100 милиони денари за изградба и надградба на водоводни системи, 10 милиони денари за образовни, истражувачки и развојни проекти, како и 19 милиони денари за активности за подигање на јавната свест, едукација и обуки поврзани со животната средина.

Преку поттикнување и финансирање на проекти кои значат заштита и унапредување и одржливо управување ќе придонесеме до почиста животна средина, која е фактор број еден за поквалитетен живот и здравје на сите граѓани.

Ги повикуваме сите општини, здруженија, граѓански организации, научно-образовните институции активно да се вклучат, а рокот на аплицирање трае три недели. Информациите можат да се најдат на официјалната страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Загадувањето на животната средина е проблем кој ги засега сите граѓани подеднакво и затоа потребно е време за целосно решавање на овој проблем. Затоа преку инвестирање во еколошки проекти ќе обезбедиме почиста животна средина.

Чиста животна средина и здравјето на граѓаните остануваат наша заложба. Проблемите на граѓаните се и наши проблеми, затоа потребно е итно и системско решение“, се додава во соопштението на Владата.

Текстот „3,7 милиони евра за еколошки проекти, инвестираме во животната средина“, велат од Владата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top