379 ковид-пациенти се лекуваат во скопските болници, голем дел се на кисолродна поддршка

пред 4 години

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека вкупно 379 лица сомнителни и потврдени за Ковид се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало осум приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за гастроентерохепатологија. На Клиниката за неврологија биле примени 4 пациенти и по еден пациент е хоспитализиран на Клиниката за дерматологија и на Клиниката за уво нос и грло. Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 3 во текот на вчерашниот ден“, велат од ресорното министерство од каде посочуваат и дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 10 оздравени пациенти.

Од вкупно 379 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 кои се лекуваат во болниците во главниот град, голем дел се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравени пациенти, да се ослободат и дополнителни места.

Share
Scroll to Top