41-годишно лице од струшко село пукало со огнено оружје пред влез на хотел во Струга, информира полицијата.
Имено, вчера околу 14.00 часот во ОВР Струга е пријавено дека, Б.Н.(41) од струшкото село Велешта, пред влезот на хотелски објект на улицата „Партизанска“ во Струга, пукал од огнено оружје.
Повредени лица нема а ОВР Струга, по насоки на Јавен обвинител работи на расчистување на случајот.