471 санкции за пребрзо возење

пред 3 години

471 возачи биле казнети во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 14.00 часот во зајакната акциска контрола на МВР на територијата на државата.

Притоа од нив, 78 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возилa се движеле со дури над 70 километри на час над дозволената брзина. Најмногу санкции биле изречени на територија на Куманово-84, потоа Охрид-67.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Share
Scroll to Top