Кавадаречката полиција денеска спровела акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават мотоциклистите.
Како што информираат од МВР, притоа санкционирани биле 50 прекршоци, а 12 мотоцикли се задржани во полициска станица согласно чл. 344 од Законот за безбедност во сообраќајот.
Од МВР порачуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.