52 возачи биле казнети откако вчера мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спровела зајакната акциска контрола на автопатот Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Од нив, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час над дозволената брзина.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, напоменуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот.