942 лица се лекуваат на инфективните одделенија во земјава

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 942 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 131 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 87 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 98 болни, а во Куманово 97 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 91, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 25 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 116 пациенти, во Кочани 30 во Кичево 32, Кавадарци 54, а во Гевгелија 20 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 1581 и има околу 440 празни болнички кревети во ковид центрите, информира министерството за здравство.

Од таму дообјаснуваат дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во писменото известување од страна на ова министерство.

Share
Scroll to Top