MВР: Нападнати полицајци на вчерашниот протест, приведени се две лица

пред 3 години

Полицијата приведе две лица кои нападнале полициски службеници на вчерашниот протест.

„На 25.04.2021 од страна на полициски службеници на СВР Скопје приведени се Д.К. (22) и М.Л. (23) од Скопје, затоа што на вчерашниот протест во Скопје со тврди предмети нападнале полициски службеници кои биле дел од полицискиот кордон“, велат од МВР.

Како што додаваат од полицијата, за случајот известен е Јавен обвинител, по чии насоки лицата се задржани во полициска станица.

По добиена судска наредба извршен бил и претрес во дом на М.Л., и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Share
Scroll to Top