Во реонскиот парк во Ѓорче Петров денеска првпат се одржа натпревар во прва помош за екипи од основните училишта. Учество зедоа училишта од општините Ѓорче Петров, Сарај и Карпош, односно вкупно 23 екипи.
„Ова е еден од начините организиран од Општина Ѓорче Петров во соработка со Црвениот крст – Карпош преку натпревар да ги едуцира учениците со придобивките од познавањето на првата помош.

Натпреварите се организираат на општинско, градско, регионално и на државно ниво и имаат цел да ја зголемат јавната свест за улогата и значењето на првата помош како животоспасувачка вештина. Целта е, пред сè, најмладите да се стекнат со основни познавања и вештини за правилно и навремено укажување прва помош“, велат од Општината.
Општина Ѓорче Петров и во иднина ќе поддржи настани со цел едукација на нашите млади жители во насока на хуманоста и солидарноста, додаваат од Општината.
Текстот Mеѓуопштински натпревар во прва помош за учениците од училиштата во Ѓорче Петров е превземен од МАКФАКС.




