Maричиќ-Холштајн: Потврдена позицијата на Германија кон евроинтеграцијата на нашата земја

пред 2 години

Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ се сретна со германската министерка во земјава, Анке Холштајн.

На средбата се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите, но и за новиот пристап кон решавањето на отворените прашања со Бугарија. Вицепремиерот Маричиќ посочи дека новиот пристап кон решавањето на овие прашања, за кој со амбасадорката се согласија дека ветува позитивен исход и дава нова вредност во заложбата на Северна Македонија за пристапување кон Европската Унија, ќе донесе и промена на атмосферата помеѓу народите на двете земји.

„ Посетата на германската министерка за Европа, Ана Лирман, на првиот ден на новата Влада, ја потврди позицијата на СР Германија кон евроинтеграцијата на нашата земја и Западен Балкан. Сега наша обврска е и понатаму да продолжиме со континуирано реализирање на реформската агенда и да работиме на решавање на отворените прашања со Бугарија на еден добрососедски, транспарентен и инклузивен начин – истакна на средбата Маричиќ.

Германската амбасадорка Холштајн на средбата изрази дека СР Германија останува и понатаму силен поддржувач на Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес и буден надгледувач на спроведување на реформската агенда на земјава.​

Share
Scroll to Top