Skopje Drum Fest во МКЦ

пред 3 години

Вечерва, со почеток од 19 часот во МКЦ (сала Фросина) ќе се одржи првиот Skopje Drum Fest, фестивал организиран од страна на здружението за поддршка на тапанари во Македонија – Skopje Drum Talks.

На ова прво издание настапуваат: Виктор Филиповски, Влатко Нушев, Драган Теодосиев, Александар Ванчовски.

opening act: Антоние Весковски

„Фестивалот ќе биде спроведен согласно протоколот за реализирање на настани во затворен простор, билетите се распродадени, а салата е соодветно приспособена за одржување на настан според сите мерки наведени во протоколот. Задолжително е носење на маска, дезинфекција и одржување растојание во текот на целиот настан“, велат од МКЦ.

Настанот ќе биде проследен со стриминг за сите оние кои не можат да присуствуваат.

 

Share
Scroll to Top