Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што е случила денеска на регионалниот пат за Демир Хисар, кај место викано „Мраморица“, кога автомобил „хјундаи”, управувано од Д.Ј.(36) од Прилеп, излетало од коловозот.
Во незгодата возачот и сопатникот П.А(22) од Штип се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Демир Хисар.