Арсовска: Командирот на скопската противпожарна единица поставен од Шилегов се однесува шерифски

пред 3 години

Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска изјави дека не ѝ било дозволено да влезе во просториите на противпожарната служба во Автокоманда, каде претходно била договорена да се сретне со пожарникарите.

Како што вели, Синдикатот на пожарникарите ја прифатил средба во нивните простории.

„ На состанокот сакав да презентирам дел од идеите, но од страна на командирот поставен од градоначалникот Петре Шилегов ми беше забранет влез или беше оневозможен пристап за надворешно лице. За мене ова е одраз на покажување на страв и е скандалозно“, Арсовска на денешната прес конференција.

Таа објасни дека со првиот синдикалец се видела надвор од просториите каде била информирана и за забраната за влез.

„ За мене е зачудувачки како некои луѓе се дрзнуваат да се однесуваат шерифски. Добра организација на пожарникарите е многу важна бидејќи нуди сигурност на граѓаните во случај на пожари и на средбата требаше да ја презентирам мојата програма во тој сегмент“, додаде Арсовска.

Share
Scroll to Top