Ѝ благодариме на СПЦ што ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија, рече архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во своето обраќање на заедничка литургија на поглаварите на МПЦ-ОА и на СПЦ и на владици од двете цркви во храмот „Свети Сава“ во Белград.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Архиерејската литургија е со цел воспоставување на литургиско и канонско општење на двете сетрински цркви, односно литургија на помирувањето, на која присуствуваа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан.
„Му благодариме на Бога што наидовме на братољубиво разбирање и кај Неговата Светост, патријархот г. Порфириј, заедно со членовите на Соборот на Српската православна црква, кои, само по неколку дена од донесениот акт на Синодот на Вселенската патријаршија, донесоа одлука за воспоставување на евхаристиско и канонско единство помеѓу нашите помесни Цркви“, рече архиепископот Стефан.
Г.г. Стефан во обраќањето оцени дека денешниот чин е незаменлив лек, со кој се залечува раната на телото на црквата, зошто „кога страда еден дел страдаат сите делови, а кога се радува еден дел со него се радуваат сите делови“.
Тој истакна дека МПЦ-ОА, ќе ги оправда и братољубивите одлуки за единство со сите, вклучително и нашето барање за конечно решавање на автокефалниот статус на нашата Света Црква.
На заедничката литургија пристигнаа илјадници верници. Ова е прва литургија за помирување по повеќе од половина век.