Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ го осудува говорот на омраза кон докторите на денешниот протест против новите мерки.
„Најостро го осудуваме говорот на омраза кон докторите и сите здравствени работници кои и со живот го платија лекувањето на пациентите болни од Ковид. Ја повикуваме Лекарската Комора да си ја врши својата работа и да ги заштити сите наши колеги, а Министерство за здравство да ги заштити сите вработени. Доколку било кој наш колега биде нападнат или вознемирен од толпата која протестира ќе прекинеме да лекуваме и ние ќе излеземе на улица“, велат од АСМЛ.
„Каде се докторите?“, праша присутна по што другите извикуваа: „Тие не се доктори, Убијци, убијци. Уа!“.