Бугарското Министерство за надворешни работи вели дека не се информирани за француската иницијатива за решавање на спорот со Бугарија, информира БГНЕС.
„Во дипломатските кругови нема таков предлог“, пренесе бугарската новинска агенција.
Претходно, македонскиот вицепремиер, Артан Груби изјави дека постои француска иницијатива за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија. Тој рече дека чекаат новите бугарски власти, претседателот Румен Радев и новата Влада, да му пристапат на дијалогот околу овие прашања на конструктивен начин.