В недела посебен режим на сообраќај во Скопје поради меморијална трка

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје поради меморијална трка

пред 2 часа

Во недела (26.04.2026) во периодот во 09:00 часот до 13:30 часот, ќе се одржи меморијална дуатлон трка насловена како „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, со стартно-целна позиција пред СЦ „Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со ул.„Васко Карангелевски“ до крстосница со бул.„Србија“ и на дел од ул.„Васко Карангелевски“ на потегот од крстосница со бул.„АСНОМ“ до крстосница со пристапна сообраќајница кај „Мајчин дом“ во Скопје.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Текстот В недела посебен режим на сообраќај во Скопје поради меморијална трка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top