Варнс на средба со Савески: разговарано за подобрување на работата и зголемување на ефикасноста на Јавното обвинителство

Варнс на средба со Савески: разговарано за подобрување на работата и зголемување на ефикасноста на Јавното обвинителство

пред 4 часа

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со вршителката на должноста шеф на мисијата на САД во земјава Никол Варнс, со која разговараше за приоритетите од аспект на подобрување на работата и зголемување на ефикасноста на Јавното обвинителство.

Савески се заблагодари за континуираната американска поддршка за унапредување на целокупниот систем за владеење на правото, а особено за функционирањето на Јавното обвинителство и за воспоставувањето и опремувањето на истражните центри во обвинителствата.

Варнс му честиташе за изборот на Савески на највисоката јавнообвинителска функција во државата, нагласувајќи дека САД ќе продолжат да ги поддржуваат реформите и активностите кои придонесуваат за јакнење на јавнообвинителскиот систем.

Договорено е во следниот период поддршката да продолжи и преку обуки и размена на искуства за јакнење на транспарентноста на Јавното обвинителство.

Текстот Варнс на средба со Савески: разговарано за подобрување на работата и зголемување на ефикасноста на Јавното обвинителство е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top