Вежба за вонредни ситуации на персоналот на амeриканската амбасада во Скопје

пред 3 години

Припадници на МВР, утре (9. април) ќе изведат заедничка вежба за справување со вонредна ситуација со персоналот од aмбасадата на САД во Скопје.

Како што информираат од МВР, вежбата со траење од три часа (9-12 часот) ќе се изведува во aмбасадата на САД.

Како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје. Поради реализацијата на вежбата, ќе има и времено затварање на крстосницата во близина на aмбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот.

„Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и aмбасадата на САД при преземање активности за справување со кризни ситуации“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

Share
Scroll to Top