Изминатиот викенд полицијата во заедничка координирана акција со инспектори од Управата за јавни приходи и од Државниот пазарен инспекторат, во содејство со Единицата за интервентна полиција изврши контрола на осум угостителски објекти во Тетово.
Како што посочи портпаролот на Министерството за внатрешни работи Сузана Прањиќ Талевска, при контролата биле затекнати 6 лица без сертификат за вакцинација и 2 лица без документи за идентификација. Од страна на Државниот пазарен инспекторат привремено се затворени 2 угостителски објекта, а од страна на Управата за јавни приходи се изречени 5 глоби на 5 угостителски објекти за неиздавање на фискални сметки.