Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев на денешната седница со чевел удираше печати на амандманите и му ги доставуваше на спикерот Мисовски, со цел како што посочува да демонстрира пародизација на процесот.
Ова се случи по забелешката дека 2.500 амандмани на Левица не биле заверени и само 12 од нив биле исправни.
„Еве го ‘Жан Моне’ процесот! Одличен е! Европски, по сите стандарди, по сите шверцерски стандарди на ДУИ. А Вие како слуга на ДУИ, супер си ја извршивте функцијата. Ако ви треба пародизација на процесот – еве ви го, повелете. Многу да не ви давам или да намалам?“, рече тој.
Претходно на денешната тензична седница во Собранието, амандманите на Левица за измени на деловникот за работа не беа прифатени, по што пратеникот Борислав Крмов од Левица искрши компјуетр и микрофони, а листови летаа кон потпреседателот на законодавниот дом, Горан Мисовски.
Текстот (Видео) Апасиев со чевел удираше печати на амандманите е превземен од МАКФАКС.