(Видео) Васев: Во филмовите за ново парламентарно мнозинство на Мицкоски не веруваат ниту во белиот дворец

пред 3 години

Стефан Васев од СДСМ на денешната прес конференција со реакција на најавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека се работи на ново парламентарно мнмозинство.

„Во филмовите за ново парламентарно мнозинство што Мицкоски со месеци ги врти не веруваат ниту во белиот дворец. Папагалското повторување на лагите, нема да му донесе ништо освен нов пораз“, рече Васев.

„Ако Мицкоски навистина овие четири години секој ден работел на ново мнозинство тоа се 1.460 лични досегашни неуспеси на Мицкоски. Со ваквиот негов пристап Мицкоски треба да знае дека уште долго ќе заспива и ќе се буди со помислата на премиерот Зоран Заев“, вели Васев.

Тој смета дека со СДСМ и премиерот Зоран Заев во овие четири години државата бележи историски успес.

„Од држава која беше заробена во режим и изолација, денес сме држава членка на НАТО, економски напредна, која забрзано чекори на интегративниот пат кон ЕУ. Парите наместо во белиот дворец, споменици и палми сега завршуваат кај граѓаните. Минималната плата порасна од 9.500 на 14.500 денари, просечната достигна до над 28.000 денари, платите во сите сектори постојано растат, растат и пензиите а истовремено обезбедивме државна социјална пензија а ја исправивме неправдата и кон стечајните работници“, истакна Васев.

Наспроти ова, како што рече, ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, и Васев цени дека со оваа партија се уште управува Груевски, а Мицкоски е само негов потрчко и извршител.

Share
Scroll to Top