(Видео) Георгиевска: Нападнати активисти на СДСМ во Влае

пред 3 години

Пратеничката Марија Георгиевска од редовите на СДСМ во изјава за медиумите извести за напад кој се случил синоќа врз активисти на СДСМ кои делеле флаери во Општина Карпош од страна на криминална вооружена група, и рече дека одговорност ќе има и очекуваат брза разрешница и најстрога санкција за напаѓачите.

„Синоќа овдека во Влае остатоците од режимот го покажаа своето вистинско, насилничко и криминогено лице. Активисти на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата овде пред кафулето Кино Влае беа нападнати од криминална вооружена група, пришто еден наш активист е пресечен со нож, а друг има скршена аркада. Дали е причина за ваквиот крвнички напад овој флаер почитувани граѓани, на кој е објаснета вистината за оваа локација, односно изградбата на зграда од 16 ката на местото на Кино Влае?“, праша таа.

Нападот, информира Георгиевска е пријавен во полиција и веќе е составен записник по што, како што рече се очекува и брза разрешница и најстрога санкција за напаѓачите.

„Ваквото насилство е одраз на страв и паника од убедливиот пораз што ги очекува нашите политички опоненти овдека во Карпош во недела. На 31 октомври во недела да се обединиме за Карпош да продолжи да се модернизира, да се развива по европски терк. Да не дозволиме подземјето насилниците и урбаната мафија да владеат во Карпош“, напомена пратеничката на СДСМ.

Share
Scroll to Top