(Видео) Граѓаните пред Кривичен порачаа „Не си одиме!“

(Видео) Граѓаните пред Кривичен порачаа „Не си одиме!“

пред 4 дена

Илјадници граѓани се уште се наоѓаат пред Кривичниот суд.

Извикуваат „Не си одиме!“ и „Оставка!“.

Триминутен молк имаше и пред Кривичен, исто како и пред Собранието и на Партизанска.

22-годишната Фросина Кулакова пред четири дена беше прегазена од дваесет годишниот Васил Јованов, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин на Партизанска.

На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

Текстот (Видео) Граѓаните пред Кривичен порачаа „Не си одиме!“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top