(Видео) Заев: Вложивме 550 милиони евра за општините да се развиваат рамномерно, Тетово го добива најдоброто

пред 3 години

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, во рамките на Караванот „Најдоброто за мојата општина“ вечерва во Тетово истакна дека СДСМ обезбеди сериозна помош за општините, прво 50 милиони евра за раздолжување, а потоа, преку разни програми вложувања од 500 милиони евра во реализација на над 7.000 проекти, секој од нив важен за граѓаните.

„ Меѓу тие над 7.000 проекти се и изградба на студентски дом за потребите на ДУТ во Тетово, реконструкција на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка од 18,2 км, изградба на нов училишен објект за ОУ Наим Фрашери во Мала Речица, изградба на филтер станица на водоснабдителен систем во Тетово, изградба на дел од булевар Видое Смилевски Бато во Тетово, набавка на 5 автобуси за јавен транспорт, изградба на патот Благоја Тоска, реконтрукција на СОУ Кирил Пејчиновиќ“, наведе Заев.

Тој ги повика граѓаните на претстојните избори да го поддржат кандидатот на СДСМ и на Колаицијата за градоначалник на Тетово, Хамдија Елезовиќ, како и советничката листа предводена од Илија, бидејќи имаат визија и конкретна програма, со реални остварливи програми.

„Со Елезовиќ и СДСМ сте на сигурно, со нив го имате Најдоброто за Тетово“ порача Заев.

Share
Scroll to Top