(Видео) Ковачки: Надлежните молчат за шверцот на еден тон дрога преку скопскиот аеродром

пред 2 години

Пред точно eден месец медиумите објавија вест дека во полициска акција е спречен шверц со психотропни супстанци, кои влегле во Македонија преку скопскиот аеродром, посочи во денешната изјава, Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што кажа тој, се работи за шверц на еден тон дрога која била внесена во Македонија преку македонска компанија, која се занимава со телефонска галантерија.

„Овој нов скандал кој е поврзан со Министерството за внатрешни работи и Царината ја дава целосната слика зошто Република Македонија е на 111 место на скалата на индексот за корупција на Транспаренси Интернешнл“, истакна Ковачки, притоа јавно поставувајќи неколку прашања поврзани со овој настан:

„Прво, дали на 5 ноември на скопскиот аеродром во делот на стоково царинење пристигнала пратка на чиј товарен лист и декларација било забележано дека станува збор за телефонска галантерија, а во таа пратка имало друга роба?

Под два, дали оваа сомнителна пратка била прегледана од надлежните царински работници на Аеродромот во делот за стоково царинење и доколку не била прегледана со какво образложение не била?

Три, дали можеби претпоставените на царинските службеници им дале усна или писмена наредба за да не постапат?

Под четири, дали царинските службеници кои биле одговорни за контролата на сомнителната пратка на барање на полициските службеници на 5-ти ноември година дале изјави со кои потврдиле дека царинската контрола на пратката од Дубаи не е извршена врз основа на наредба на претпоставениот царински службеник, а три дена подоцна истите под силен притисок истата изјава целосно ја промениле?“, се прашањата кои ги постави претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, а за кои, како што кажа, јавноста очекува одговори.

Share
Scroll to Top