Последната прес-конференција на СДС покажа само една константа во нивните политики, а тоа е дека апсолутно ништо не е променето во таа партија.
Младите луѓе во СДС, наместо да бидат двигатели на промени, креатори на позитивни политики и носители на нова енергија, се претворени во заложници на политиките на дуото Филипче и Заев, кои единствено се водат од потребата да го заштитат сопствениот криминално стекнат имот, вели Тодор Конески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
„Овие т.н. нови и надежни кадри, кои денес зборуваат во името на СДС, не претставуваат никаква свежина, туку се само параван на истата клептоманска матрица која со години владее во партискиот врв, рециклирана верзија на старите, добро познати криминални практики на оваа антинародна партија.
Во СДС нема понуда, нема визија, нема капацитет за вистинска промена. Има само нервоза, обиди за дефокус и креирање наративи кои директно одат на штета на македонскиот народ и државните интереси“.
Проблемот, како што кажа, не е премиерот Христијан Мицкоски или ВМРО-ДПМНЕ.
„Проблемот е вашиот континуиран неуспех да изградите цврсти, стабилни и одржливи политики во интерес на граѓаните. Проблемот е што СДС и понатаму функционира како заложник на заевизмот со истите клевети, навреди, спинови и политички аматеризам.
СДС зборува за млади, а зад себе остави генерации кои ја напуштија државата.
СДС зборува за Европа, а ја оддалечи Македонија од европскиот пат.
СДС зборува за функционална држава, а зад себе остави институции во распад и систем без доверба.
Овие евтини пи-ар трикови на дуото Башановиќ–Шчекиќ се веќе прочитани. Граѓаните јасно препознаваат кој работи во нивен интерес, а кој се обидува да ја прикрие сопствената неспособност“.
Тој оценува дека насоките што доаѓаат од ова дуо, не носат никаква промена. Тие се, вели тој, само нова амбалажа на истата политика која граѓаните веќе масовно ја отфрлија.
„Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, испорачува конкретни резултати што граѓаните директно ги чувствуваат,за само две години реализирани се повеќе мерки за поддршка на младите отколку што СДС успеа да направи за цели седум години владеење
Разликата е јасна, тие нудат навреди, додека ние нудиме резултати.
Нови и реновирани студентски домови, современи факултетски објекти, спортски сали, финансиска поддршка за младите претприемачи, поддршка за младите семејства, за лекарите и за сите оние кои својата иднина ја гледаат токму тука во Македонија“.
Текстот (Видео) Конески: Младите луѓе во СДС наместо да се двигатели на промени, се заложници на политиките на Филипче и Заев е превземен од МАКФАКС.





