(Видео) Костадинов: На изборите во Штип, СДСМ излегува со чесен, одговорен и угледен кандидат

пред 3 години

Изборите во Штип на 13 декември се важни избори за граѓаните и за срцето на Истокот – градот Штип. На овие избори СДСМ пред граѓаните излегува со чесен, одговорен и угледен кандидат со доктор Сашко Николов кој има визија, кој има решителност да работи посветено за Штип да продолжи да се развива, изјави пратеникот Костадин Костадинов.

„Со Николов ќе продолжи напредокот и развојот на Штип која ќе продолжи да биде одговорна, отворена општина што работи за граѓаните. Со Николов Штип останува во сигурни раце. За три години локална власт овде во Штип, но и како централна власт, СДСМ покажа што значи вистинска грижа. Грижата за секој е наш постулат и таа е постојана“, изјави тој.

За грижата за сите во Штип да продолжи уште повеќе, додаде Костадинов, потребна е функционална и капацитетна општина, предводена од чесен, докажан и угледен кадар каков што е Сашко Николов.

„Затоа, на 13 декември излезете на фер, слободни и здравствено безбедни избори и дајте ја поддршката за број два, поддршката за Сашко Николов за иден градоначалник на општина Штип“, рече Костадинов.

Share
Scroll to Top