(Видео) Кузеска: Арсовска е против зголемувањето на минималната плата

пред 3 години

СДСМ во изминатите четири години ја покачи минималната плата за над 6.000 денари, од 9.000 на 15.200 денари.

Со враќањето на економијата во нормала по надминувањето на последиците од корона-кризата, по очигледниот раст на економијата, интенцијата е минималната плата до крајот на годината да изнесува 18.000 денари.

Тоа е двојно или стопроцентно зголемување во однос на 2017 година, рече на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„И додека минималната плата постојано растеше, ВМРО-ДПМНЕ и нивни претставници се противеа на секој нов раст.

Една од нив беше и Данела Арсовска, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за градоначалник на Скопје.

Арсовска јавно се противеше против зголемувањето на минималната плата, го нарекуваше вештачко, обвинуваше дека тоа ќе довело до колапс на илјадници претпријатија, дека економијата наводно нема да може да го издржи тоа.

‘Секој вештачки обид за зголемување на минималната плата за нас не е добар’, велеше Арсовска додека се противеше на зголемувањето на минималната плата.

Затоа лицемерно Арсовска, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, да се обрати на ‘Текстилијада’  и да зборува за работнички и женски права.

Токму текстилните работнички имаа најголема придобивка од растот на минималната плата, затоа што вработените во оваа индустрија, како и вработените во кожарската и чевларската индустрија со години добиваа плати кои беа и под законскиот минимум, односно под 9.000 денари.

Денес фактите ја демантираат Арсовска. Нема изгубени работни места поради повисока минимална плата, растот на БДП изнесува 13,1 отсто, а стапката на невработеност е на најниски 15.9 отсто.

Арсовска е заинтересирана само за зголемување на приходите на бизнисмените, а не на работниците.

Таа како и ВМРО-ДПМНЕ има проблем кога парите завршуваат назад кај граѓаните. Затоа на 17 октомври неа и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува убедлив пораз кој ќе им го испорачаат граѓаните“, рече Кузеска.

Share
Scroll to Top