(Видео) Мицкоски: Градоначалниците интензивно работат, почнуваме проект за канализација во Страчинци

пред 3 години

Денеска сме овде во Страчинци започнуваме, односно градоначалникот започнува да го исполнува тоа што е ветено пред граѓаните, рече во изјавата за медиумите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, присуствуваше на почетокот на изградба на примарна мрежа на фекална канализација.

„Започнува со работа и изработка на оваа фекална канализација со цевки Ф-200, повеќе од 170 приклучоци од тоа што слушнав од луѓето кои што се овде. 170 семејства ќе добијат приклучок до оваа фекална канализациона мрежа, што досега не било случај. Тоа е првата фаза, ќе има и втора и трета фаза. Очекуваме дека овој проблем конечно ќе биде решен заедно со една пречистителна станица“, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека градоначалниците од редовите на неговата партија интензивно ќе ги исполнуваат ветувањата затоа што, како што рече, на народот му е преку глава од политиканство.

„Народот сака нормално да живее и Македонци, и Албанци, и Турци, и Срби, Власи, Роми, Бошњаци, сите луѓе тоа се народот на Македонија и тие луѓе сакаат да остават нешто зад себе, да остават нешто за своите деца и не сакаат повеќе да го гледаат тоа наше политичко мочуриште и валкање во нашата кал. Сакаат да видат живот, а ние сакаме да бидеме дел од тоа што тие сакаат да го видат, а тоа е животот“ порача Мицкоски.

Share
Scroll to Top