(Видео) Силен пожар се шири во близина на Пехчево

пред 3 години

Пожар кој е активен веќе неколку часа беснее во шумски предел во близина на Пехчево.

Од видеа објавени на социјалните мрежи се гледа дека пожарот се шири со голема брзина и се движи кон археолошкиот локалитет и манастирот Света Петка како и селата Умлена и Робово.

Граѓаните апелираат на брза реакција за да биде локализиран.

Според првичните информации, пожарот брзо се шири поради ветрот. Први да реагираат излегле околу 30 мештани, кои преку социјалните мрежи порачаа дека потребна е и професионална помош.

„Моментално ова се случува во близина на Пехчево. Не можеме сами, ни треба помош”, апелираат локалните жители.

Share
Scroll to Top