Пожарот во бараките на ЈП Улици и Патишта кој ја опустоши документацијата и целокупната архива за работењето на ова претпријатие е четврт пожар по ред во државна институција.
“Уште е нејасно што се изгорело, кога и како настанал пожарот и која е причината за тоа. Дали станува збор за намерно подметнување на пожар со цел да изгорат одредени материјали и доколку да каков криминал се штити? Пожарот во ЈП Улици и Патишта доаѓа по низата пожари во државни инстутуции, како СЕП, Инспекторатот за Животна средина, министерството за правда”, изјави на денешната прес конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и ги повикува ОЈО и надлежните институции детално да го истражат случајот, да се ослободат од притисокот на власта и да работат исклучиво по слово на законот.