Спротивно на законот за високото образование, Димитар Ковачевски во Извршниот одбор на СДСМ именува декан и продекан за негови членови, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Професорите Мишко Ралев, декан на Факултетот за архитектура и дизајн и Ана Данева Маркова продекан од медицинскиот факултет се поставени и прифатиле високи партиски функции, спротивно на законот за високо образование“, објасни партискиот портпарол.
Како што рече тој, Ковачевски уште не седнат на „Илинденска” не води сметка за законите.
„Инсистираме на почитување на законот, СДСМ од ИО да ги разреши Ралев и Данева Маркова, а тие да се повлечат од позициите во високообразовните институции како морален чин. Истовремено, бараме извинување и оградување од СДСМ по обидот на потпретседателката на партијата Бисера Костадиновска Стојчевска да ја лаже и манипулира јавноста“, нагласи Стоилковски.