Приоритет на Владата предводена од СДСМ во време на глобална економска и енергетска криза е заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на стопанството. Антикризниот пакет од 26 мерки, веднаш почна да дава видливи резултати, кои ги чувствуваат сите граѓани. Со укинување на данокот за додадена вредност, цените на основните производи остануваат стабилни. ДДВ од 0 отсто има за леб, брашно тип-400, млеко со масленост од 2%, од 3,2 и 3,5% бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца, истакна на денешната прес-конференција, Миле Талески, пратеник на СДСМ.
Талески додаде дека додека цените на горивата насекаде низ регионот растат, кај нас се намалуваат. Од полноќ цените на бензините дополнително се намалија за два денари по литар, а цената на дизелот се намали за три денари.
СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики кои го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат економската стабилност, изјави Талески.