Владата на денешната седница заклучи да му препорача на Собранието на акционери на Македонски телеком да ги отповика од должноста членови на Одборот на директори: Сашо Велевски од позицијата неизвршен член, Замир Мехмети од позицијата неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска од позицијата неизвршен независен член, Мирослав Вујиќ од позицијата неизвршен член и Сашо Симјановски од неизвршен член на Одборот на директори, се наведува во владиното соопштение.
Во него се додава дека дел од препораката е и за членови на Одборот на директори да бидат изберани:
– Шкодране Зенуни Дарлишта – неизвршен член
– Бардул Насуфи – неизвршен член
– Зоран Китанов – извршен член
– Нина Ангеловска – неизвршен независен член
– Садула Дураку – неизвршен независен член, и
– Аќиф Мехдиу – неизвршен член