Владата прогласи едномесечна кризна состојба во енергетскиот сектор

пред 3 години

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена на барање на Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија формирана од Министерството за економија.

Како што информираше министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција, одлуката е донесена врз основа на процената на Комисија дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија, врз основа на извештајот изготвен од МЕПСО, за проценката на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем за последниот квартал на оваа година.

Share
Scroll to Top