„Влен“: Ќе продолжиме да ја зајакнуваме демократијата, еднаквоста и европската перспектива на нашата земја

„Влен“: Ќе продолжиме да ја зајакнуваме демократијата, еднаквоста и европската перспектива на нашата земја

пред 2 месеци

„Денес го одбележуваме еден од најважните датуми во историјата на државата – 8 Септември, Денот на независноста, кој денес е празник на сите граѓани на нашата земја“, велат од „Влен“.

Ова е моментот кога граѓаните на оваа земја го избраа патот на суверенитет и ги поставија темелите на слободна и независна држава. Но, нашата современа историја не може да се разбере без да се спомене и Охридскиот договор, кој ѝ даде на државата димензија на еднаквост и ја направи заеднички дом за сите граѓани. Независноста и еднаквоста се двата столба врз кои се гради нашата заедничка иднина.

По тој повод, ВЛЕН им го честита Денот на независноста на сите граѓани, со целосна увереност дека заедно ќе продолжиме да ја зајакнуваме демократијата, еднаквоста и европската перспектива на нашата земја“, се додава во честитката на „Влен“.

Текстот „Влен“: Ќе продолжиме да ја зајакнуваме демократијата, еднаквоста и европската перспектива на нашата земја е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top