Унапредувањето на статусот на Стојанче Ангелов од в.д. во директор на ЦУК од страна на Владата е само по себе скандал, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија, станува збор за човек кој, како што велат, ниту знае да менаџира, ниту да управува со кризи.
„Да го унапредиш, наместо да го разрешиш е бесрамен потег на власта. Не би сакале да веруваме дека Заев се опкружува со неспособни и непресмерливи ликови околу себе, само за да изгледа паметно и поспособно“, се наведува во партиската реакција.
Од ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат Ангелов ако навистина и мисли добро на Македонија доблесно да се замине и да отстапи место на некој кој е способен.