ВМРО-ДПМНЕ: Додека Заев е премиер и Филипче министер, црно им се пишува на граѓаните

пред 4 години

Заев и СДСМ со нивниот министер Филипче наместо да дејствуваат, си прават кампања – носи маска, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на обвинувањата од СДСМ дека раководството на опозициската партија оди против мерките за заштита и не ги почитува.

„Додека бројот на починати надмина илјада лица и сите земји во Европа преземаат мерки, СДСМ и Заев и повторно продолжуваат само со кампањи. Од ден на ден и по девет месеци од корона-кризата се покажа многу јасно дека додека Заев е премиер, а министер Филипче црно им се пишува на граѓаните“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, од каде додаваат дека време е за конкретни чекори и оставка на министерот за здравство.

Share
Scroll to Top