Навраќајќи се на прашањето за состојбата со вакцините од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека системот не е организиран за да даде соодветен одговор.
„Секојдневно умираат по неколку десеттина лица, системот не организиран за да даде соодветен одговор, ама Филипче и Заев се „организирани“ и за викенд се одмараат, поточно аздисуваат. И така, само во Македонија се поставува прашањето за вакцини, или каде се вакцините, кога ќе стигнат? Во меѓувреме други земји вакцинирале по 20-30 проценти од населението, некои и до 60 проценти од населението“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму го поставуваат прашањето за реагенсите и за тоа дали има доволно термини за ПЦР тестови и по една година од постоењето на коронавирусот во Македонија.
„Граѓаните се на почеток молат за термин за тестирање, ама очигледно нема. Срамно! Тоа, е тоа што Филипче и Заев знаат да го направат да се забавуваат, ама не и да ја работат својата работа за која се платени од граѓаните! Филипче и Заев веднаш одете си! Филипче и Заев ќе одговарате“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.