ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги продава државните интереси на тајни средби

пред 3 години

Овој викенд во Софија се одржуваат тајни средби помеѓу македонски и бугарски владини претставници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што посочуваат од опозициската партија, според нивните информации, се разговара за договор за јазикот, историјата, идентитетот и народните херои.

„Македонските владини претставници биле договорени да попуштат во црвените линии и да ги прифатат бугарските максималистички барања“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека Заев досега не ги негира овие тврдења.

Од партијата бараат Заев и, како што велат, неговата влада во заминување да не и прават штета на државата.

„Ниту еден договор кој ќе биде штетен нема да помине и нема да биде прифатен од ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.

Од опозициската партија воедно за утре најавија протести во 11 градови низ земјата.

Share
Scroll to Top