Кандидатот за градоначалник на Штип покажува колку СДС е безнадежна и нереформирана партија, длабоко заробена од тандемот Заев-Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС за кандидат за градоначалник на Штип, излезе со потрчко од истата бизнис шема на Заеви и Венко Филипче, добро познатиот Павел Иванов. Павел Иванов е познат бизнис партнер и продолжена рака на Заев и Венко Филипче, а со тоа повторно се покажува колку СДС се безнадежни и нереформирани. Да не ја заборавиме неговата сторија. За време на владеењето на Заев, Павел Иванов беше поставен за раководител на подрачната единица на МЗШВ во Штип, додека пак неговата сопруга со амин од Заев, во тој период, беше наградена и истата беше поставена за директор на Меѓуопоштинскиот центар за социјална работа во Штип. Меѓутоа, тоа како да не беше доволно, па истата директорка, по одреден период, беше повторно наградена и беше избрана за советник во Општина Штип, а нејзиниот брат Иле Илиев беше носител на листата на СДС и исто така беше избран за советник во Општина Ново Село, се разбира со дозвола од Заев“, велат од партијата.
За работите да се уште потрагични, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, Илиев додедил на 70 години користење државно земјиште од 20.000м2 посадено со лешници на својата сопруга, а 4700м2 во Суитлак на користење на својот татко.
„Луѓе кои се огледуваат на Заев и Филипче, не може да поминат без некаков скандал. Павел Иванов е продолжена рака на Заев и Филипче. На Штип му треба чесен човек со визија, каков што имаат изминативе 4 години, а со сигурност и наредните 4 години“, се вели во соопштението.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатот за градоначалник на Штип покажува колку СДС е безнадежна и нереформирана партија е превземен од МАКФАКС.