ВМРО-ДПМНЕ му одговори на Попов колку чинеше новогодишната прослава во Скопје

пред 3 години

Прославата на Арсовска скопјани ги чинеше нула денари, за разлика од тие кои ги организираше најбогатиот градоначалник во Европа, Петре Шилегов, реагираат преку писмено соопштение од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од ваквите автоголови и лаги на СДСМ, и Мартин Попов кој што го пуштаат очигледно низ вода, на јавноста и е преку глава. Но, прашањето на кое требаше да одговори СДСМ денес е:Како граѓаните да го преживеат новото второ поскапување на струја од над 15 проценти? Новото поскапување на парното греење за 14,05 проценти? И новото поскапување на метанот за 120 проценти?“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Веројатно овие прашања не ги засегаат милионерите од СДСМ, сметаат од партијата на Мицкоски, на кои како што велат, крадените пари им се доволни, но граѓаните не може да врзат едвај крај со крај поради расипништвото на власта.

Share
Scroll to Top