ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го плаќа Бугаринот Андреј Рајчев, кој смета дека Македонците потекнуваат од Бугарите

пред 3 години

СДСМ го плаќа Бугаринот Андреј Рајчев, кој смета дека Македонците потекнуваат од Бугарите, да им штелува анкети, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ со Заев падна толку ниско што го најмиле негаторот на македонската нација, јазик и посебност, Андреј Рајчев, да ги воспева и да им кажува бројки од наводни мерења на јавно мислења, во кои не веруваат ниту најтврдокорните членови на СДСМ. Рајчев е основоположник на идејата за отворање бугарски универзитет во Македонија, а Заев го плаќа и го стимулура таквиот негов однос кон Македонија“, велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Рајчев има изразито антимакедонски ставови и за него Заев е единствен човек што може да го испорача она што ни најголемите бугарски радикали не може ниту да го замислат.

„Сега гледаме и зошто Заев не смее да ја поддржи резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ. И самиот Заев ги финансира луѓето кои се изразити противници на Македонија, нашата национална посебност, идентитет и јазик. Залудни се сите фризирани анкети. Вистинските анкети Заев ќе ги види вечерта на 17 октомври. Време е за одговорност и за нови успеси. Време е понижувањата да запрат. Време е за Македонија за сите луѓе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top