ВМРО-ДПМНЕ: Шукова прави перформанс со копирани кампањи и ја користи трагедијата за внимание

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова прави перформанс со копирани кампањи и ја користи трагедијата за внимание

пред 3 часа

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСM продолжува да користи трагедии за политичка промоција, овој пат преку настапот на Каја Шукова на прес-конференција.

Според партијата, со вчерашниот настап Сoцијалдемократскиот покажал дека не е повеќе политичка партија туку постепено се претвора во шоу за имитација.

„На вчерашната прес-конференција, Каја Шукова, копираше кампањи кои се веќе видени во регионот, и за целосно да го долови штосот на СДС преку ова се обиде да ја искористи последната трагедија во земјата како повод за внимание и интерес“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека станува збор за кампањи преземени од Србија и дека тоа, како што посочуваат, покажува дека во СДСМ нема автентичност, креативност, идеја, визија, а ниту суштина.

„СДС продолжува да го прави тоа што го знае најдобро, да копира и да следи туѓи формати од соседните земји“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата додаваат дека настапот на Шукова е уште еден пример како старо-новото раководство на СДСМ создава спектакли кои никому не му будат доверба.

Од партијата обвинуваат и дека СДСМ повторно користи трагедии за собирање политички поени.

„Темата за насилството врз жените е премногу сериозна за Каја Шукова и СДС да ја користат за вакви перформанси во пресрет на 8 март, ден кога треба да се зборува за вистинска поддршка на жените, за безбедност и еднаквост“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека жените во Македонија заслужуваат повеќе од некреативниот и ископиран ПР на СДСМ и копирани сценарија и лица од партија кои се занимаваат со имитација на туѓ симболизам.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Шукова прави перформанс со копирани кампањи и ја користи трагедијата за внимание е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top