Во автобусот пронјадени 44 жртви, еден патник веројатно патувал во друг автобус

пред 2 години

Во остатоците од автобусот се пронајдени 44 трупови од жртви, соопштија бугарските истражни органи. Тие велат дека добиле информација дека во автобусот патувале 52 патници, а во болница се лекуваат 7 лица. За нив, останува нејасно, каде е уште едниот патник кој бил регистриран дека е во автобусот. Според заменикот на главниот бугарски обвинител, се претпоставува дека еден патник се одлучил да патува со друг автобус на „Беса транс“, кој исто така бил на турата во Турција.

„Сите настрадани, според лекарите, се во добра состојба, но во тешка психичка состојба. Бев со главниот обвинител на Македонија на местото на несреќата, ги видов телата. Тоа засекогаш ќе биде вмрежано од мојата меморија. Беше страшно. Кога ги посетив во болница, еден бараше да оди во тоалет, еден да зборува со мајка му, другиот го бараше синот, кој останал во автобусот. Најдовме 44 трупови, во болница се 7 лица. Имаме информација дека патувале 52 патници. Останува големата дилема, каде е осмото лице? Работиме по таа верзија. Можеби станува збор и за лоша меморија на сведоците“, кажа Милева дел од тимот кој ја истражува несреќата.

Пред тешкиот инцидент, имало 20 минутна пауза на бензинска станица. Се претпоставува дека еден патник се качил во друг автобус, но тоа не е докажано. Поради тоа, се проверуваат и снимките од надзорните камери каде имало пауза на патниците. За кој патник станува збор, ќе се проверува откако македонските власти ќе направат проверка кои патници влегле во Македонија.

Share
Scroll to Top