Како резултат на репрезивните мерки кои ги спроведе полицијата во изминатиот период, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства, но и нлегланата трговија со нив, запленети се над 147.000 пиротехнички средства, информираат од МВР.
Од таму потсетуваат дека за неовластена употреба на пиротехнички средства предвидена е глоба во износ од 200 до 500 евра, додека за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, скедува казна затвор од три до десет години.