Во кафеана во Гостиварско се правеле забави со музика во живо и танчерки, сопственикот приведен

пред 4 години

Полицијата откри дека во угостителски објект на автопатот Тетово – Гостивар се организирале забави со музика во живо и танчерки. Сопственикот вчера бил приведен, а во објектот биле затекнати гости, пет танчерки и пејачи.

Според информациите на МВР, синоќа во периодот од 20:30 до 21:30, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект во Врапчишко Поле во близина на автопатот Тетово – Гостивар, сопственост на Р.Б.(46) од Гостивар.

Во објектот има музика во живо, танчерки и 11 гости. Биле затекнати пет женски лица, четири македонски државјанки и една бугарска државјанка, кои работеле како танчерки и пејачки и едно машко лице кое работело како пејач.

Сопственикот на објектот Р.Б. бил приведен, како и бугарската државјанка поради злоупотреба на туристичкиот престој.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а по целосно документирање и расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, најави МВР.

Share
Scroll to Top