Дежурен јавен обвинител од струмичкото Основно јавно обвинителство извршил увид на местото викано Ореш, во атарот на струмичко Ново Село, каде ноќеска било пронајдено безживотно тело на починато машко лице.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Како што информираат од обвинителството, според првичните сознанија, кај лицето настапила насилна смрт.
По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Од самото место се прибрани траги и материјални докази за кои е издадена наредба за вештачење, а се преземаат и други дејствија за откривање на сторителите.